Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски и неговиот соиграч од националниот тим Бојан Трајковски се добитници на признанието за најдобар кошаркар за 2018 година во изборот на МКФ. Лидерите на репрезентацијата добија еднаков број гласови и го делат годишното признание. Војдан и Бојан имаат и успешна година на клупски план.
Анџелика Митрашиовиќ е добитничка на наградата за најдобра кошаркарка во нашава земја во годинава што изминува. Таа беше најдобра во националниот тим кој мина низ евроквалфикациски циклус.
Поради клупските обврски главните добитници на наградите не беа присутни на манифестацијата на доделувањето награди.
Шампионите на Македонија, Работнички и Бадел 1862 очекувано се избрани за најдобри екипи. Предводникот на Работнички, Марин Докузовски го понесе признанието за најдобар тренер во машка, а Срѓан Дамњановски наградата за најуспешен тренер во женска конкуренција.
Во младинските конкуренции екипите на Работнички и на Струга ги добија наградите, Илина Селцова и Виктор Ефремовски се најдобри млади играчи, Анета Глигорова и Александар Јованчев се најуспешни тренери во младинските лиги.
Игор Митревски доби најмногу гласови во трката за најдобар судија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА