Наградниот фонд во Лигата на шампионите сега е 2,5 милијарди евра

Наградниот фонд на Лигата на шампионите за новата сезона е повисок за 25%, сега со минимум од 2,5 милијарди евра по сезона.

За победникот се резервирани 150 милиони евра во зависност, секако, и од резултатите, со оглед на тоа што ќе бидат исплаќани по 2,1 милион евра за секој победен натпревар, а за реми ќе се исплаќаат по 700.000 евра.

Тимот што заврши на првото место во главната фаза ќе добие 9,9 милиони евра, а последнопласираниот – 275.000 евра.

Дополнителни 853 милиони евра парични награди се доделени врз основа на постигнувањата на тимовите во натпреварите на УЕФА и вредноста на зделките за национални и глобални телевизиски преноси.

Се вчитува...