Наинголан: Конте ми даде шанса само осум минути и ме обвини за се

За ѕвездите на Интер, Раџа Наинголан и Иван Перишиќ немаше место во тимот на Интер претходната сезона, во која Белгиецот беше испратен на позајмица во Каљари, додека Хрватот заврши во редовите на Баерн Минхен, со кого ја осови и титулата во Лигата на Шампиони.

Работите не се променија за овие два фудбалери ниту оваа сезона, Перишиќ остана во тимот, меѓутоа нема запазена улога кај „нероаѕурите“, додека Наинголан по одиграни вкупно 45. минути на четири утакмици повторно замина во Каљари, а сега се одлучи да ја прокоментира ситуацијата.

„Во Интер имав одличен тренер, но ме повреди кога ми даде само осум минути на натпревар, по кој ме прогласи и виновен за неуспех. Што можев да направам за осум минути? Ниту тогаш не започнав никаква расправа, а не сакам ниту сега. Здрав сум, немав пропуштено ниту еден тренинг или пак закаснето една минута“ – изјави 32-годишниот фудбалер од средниот ред.

Се вчитува...