Наинголан поради цигарите остана без учество на СП

Белгискиот селектор Роберто Мартинез го навлече бесот на фановите на оваа земја со одлуката во списокот на играчи за СП 2018 да не го вклучи Раџа Наинголан. Одличниот фудбалер за врска и сезонава игра извонредно во дресот на Рома, но лошите животни навики ќе го чинат настап на мундијалот.

„Мартинез смета на Наинголан како на плејмејкер, а не како играч што може да го покрие целиот среден ред во формација 3-4-3. Прв плејмејкер во тимот е Де Бруин, па затоа Наинголан испадна. Можеби ќе беше резерва, но селекторот не е воодушевен од навиките на Наинголан, кој не може да ги остави цигарите“ – белгискиот новинар Кристоф Терер ја објасни одлуката на кормиларот на белгискиот национален тим.

Се вчитува...