Азрбејџанскиот првак Карабах има водство на полувремето на дуелот со Шкендија во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Гостите од белата точка стигнаа до предност. Пеналот беше направен наивно, неискусно, откако Вебстер стартуваше во миговите кога гостинскиот фудбалер „бегаше“ од шеснасетникот. Шкендија можеше лесно да израмни, но исто така лесно можеше да прими и втор гол, па да има и поголема негатива. Вака во вториот дел има шанси да стигне, сепак, до позитивен резултат.
Сигурен реализатор беше левиот бек на Карабах, Бајрамов кој шутираше силно и прецизно во горниот лев агол од немоќниот Гаје.
Но, тетовскиот тим венаш врати со убава прилика на Красничи. Рамадани од средината додаде десно до Тамба, кој во трк асистираше до Красничи, кој во последен миг беше изблокиран и топката отиде во корнер.
Од таа шанса, па се до крајот на полувремето Шкендија лесно се растураше во одбраната, па Карабах лесно можеше да дојде и до втор гол. Зубир по една долга акција во 28. минута се најде сам пред голот, но Гаје го одбрани неговиот удар. Следуваше и обидот на Бикаљо од 20 метри кој заврши само за малку крај голот. По една добра акција по левата страна Зубир се закани, и повторно тетовскиот тим успеа да се спаси.
Одбраната имаше големи проблеми, па Карабах имаше уште една супер шанса преку Акундзаде, кој излезе сам пред Гаје, но не го погоди голот.
Последните минути од првиот дел и припаднаа на Шкендија. Шанса имаше Алхасан, чиј удар беше изблокиран, а претходно Ибраими за дел од секундата не стигна до топката да се закани, откако пред него интервенираше Медина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

