Англискиот фудбалски репрезентативец, Хари Мегвар утре ќе пристигне во Манчестер за да го комплетира рекордниот трансфер во Јунајтед. Тој наводно утре ќе биде на медицински тестови. Според информациите од викендот, Лестер ја прифатил зголемената понуда од Јунатјед кој ќе палти 60 милиони фунти веданш, а потоа и дополнителни 20 милиони фунти.
Во текот на минатата седмица, Мегвар влегов во конфликт со клубот изнесувајќи го трансферот на Матијас Де Лихт од Ајакс во Јувентус за 56 милиони футни како аргумент дека Лестер претерува во барањата.
Со новата понуда од 80 милиони фунти, Манчестер Јунајтед ќе го надмине рекордниот транфер за дефеназивец кој го направи Ливепрул плакајќи 75 милиони фунти за виџил Ван Дајк. Во трката за Мегваер беше и Манчестер Сити, но шампионот се повлече проади превисоката цена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА