Реал Мадрид има намера да ја доведе ѕвездата на Барселона, Педри, во своите редови. Шпанскиот новинар Сиро Лопез објави дека Реал Мадрид ќе се стреми кон ѕвездата на Барселона, во јуни 2027 година, при што. Флорентино Перез нема да штеди пари.
„Играчот што Реал Мадрид сака да го потпише во сезоната 2027/2028 е Педри“, објави Лопез и додаде:
„Сите ќе се согласите со мене дека тоа би била вистинска бомба. Би било на исто ниво како трансферот на Луис Фиго во 2000 година. Не станува збор само за доведување засилувања во тимот, туку и за носење на клучен играч во Барселона“.
Тој вели дека Флорентино Перез ќе направи сè за да го купи Педри. Тој сака да покаже супериорност и нема да бара цена. Проблемот, сепак, е Педри, кој е голем обожавател на клубот за кој игра.
„Ова е повеќе демонстрација на моќ меѓу Флорентино и Лапорта. Зборуваме за играч кој има договор до 2030 година, откупна клаузула од една милијарда евра и некој што е голем навивач на Барса. Тие мора да го убедат играчот да дојде во Мадрид, но знаете што велат, парите секогаш зборуваат. Во случајот на Педри, клучен фактор е неговата среќа во Барселона. Тој е навивач на клубот, неговиот татко е претседател на навивачкиот клуб на Барса во Лас Палмас. Емоциите би можеле да играат важна улога тука.“
Цената на шпанскиот репрезентативец на пазарот е 140 милиони евра. Сепак, оние кои го сакаат ќе мора да платат многу повеќе пари, вклучувајќи го и Реал Мадрид.
Како и да е, овој трансфер изгледа нереален. Тешко е да се поверува дека Педри би се откажал од Барса за Реал, без оглед на бројките што ќе бидат на маса.
Во 2020 година, „Кралевите“ можеа да го добијат Педри за околу 20 милиони евра, што е сумата која Барселона ја плати за него на тимот од Лас Палмас. Тој беше препорачан од тренерот на овој тим, Пепе Мел, но Емилио Бутрагењо сметаше дека Педри не е играч за кралскиот клуб.
„Во една прилика разговарав со Емилио Бутрагењон и тој ми рече дека го гледале Педри во клубот, но дека мислат дека не е играч за Реал Мадрид“, рече Мел.
Педри стана неизбришив дел од Барса. Одигра 277 натпревари и има учинок од 28 гола и 29 асистенции. Секако, тој е важен фактор и во шпанската репрезентација. Одигра 38 натпревари и постигна пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

