ЕКИПА во Малта
Горан Бошев
Селекторот Благоја Милевски не се очекува да прави големи „резови“ во екипата за вечерашниот натпревар со Малта. Се очекува да настапат истите играчи кои беа во стартниот тим во Италија, освен голманот Димитриевски кој од вчера не е повеќе со репрезентацијата, и замина во Мадрид. На негово место беше повикан Давор Талески.
Затоа на голот ќе биде Дамјан Шишковски, за кого Милевски кажа дека верува дека добро ќе ја заврши работата на местото на „единицата“ на национален тим.
На останатите 10 позиции, не се очекуваат никакви промени. Муслиу, Манев и Зајков се очекува да ја комплетираат стоперската тројка, Алиоски и Ашковски како две крила во офанзива и дефанзива, Агон Елези и Јани Атанасов како двајца последни играчи за врска, Барди како офанзивен играч од средниот ред и во нападот Елмас и Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА