Најавени тимови: Атлетико со бековски проблеми, Олимпик без најдобриот напаѓач

Диего Симеоне по црвениот картон во Лондон ќе мора да го следи денешниот реванш од трибините, а тренерот на Атлетико се соочува и со сериозни проблеми околу дефанзивата. Главните проблеми се на бековските линии, каде првите опции Хуанфран и Филипе Луис се повредени, а згора на тоа право на настап ќе нема ниту Врсаљко, кој доби црвен картон на првиот полуфинален дуел. Добра вест е што во нападот се враќа Диего Коста, кој целосно се рехабилитираше од својата повреда.

Кај Арсенал, Арсен Венгер нема да може да смета на Обамејанг, но затоа во однос на првата средба сега како стартер е најавен Мхитаријан.

Салцбург брка негатива од 2-0 од првиот меч со Олимпик Марсеј, а единствената дилема на домашниот стратег е дали во офанзивниот дел од средниот ред да му даде шанса на Јабо или пак на Волф. На спротивната страна, Олимпик ќе биде ослабен поради неиграњето на најдобриот напаѓач Митроглу, кој се повреди викендов против Анжер. Неговото место ќе му припадне на Жермен, кој ќе ја има поддршката од позадина на Тован и на Паје.

АТЛЕТИКО М. – АРСЕНАЛ

АТЛЕТИКО: Облак, Томас, Хименез, Годин, Лукас, Габи, Коке, Саул Нигез, Кореа, Гризман, Коста.

АРСЕНАЛ: Оспина, Белерин, Мустафи, Кошиелни, Монреал, Џака, Вилшир, Рамзи, Мхитаријан, Озил, Лаказет.

САЛЦБУРГ – ОЛ. МАРСЕЈ

САЛЦБУРГ: Валке, Лајнер, Рамалјо, Чалета – Цар, Улмер, Хаидара, Самасеку, Бериша, Јабо, Хванг, Дабур.

ОЛИМПИК: Пеле, Сар, Рами, Роландо, Амави, Сансон, Луиз Густаво, Тован, Паје, Окампос, Жермен.

Се вчитува...