Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, храбро избрал формација со тројца дефанзивци во линија за вечерашниот натпревар против Ливерпул на „Енфилд роуд“. Како што јавуваат италијанските медиуми, Ди Франческо смета дека со ваква формација и нешто погуст среден ред ќе успее да ги исфрли од ритам „црвените“.
Жесус, Манолас и Фазио ќе ја имаат одговорната задача да ги неутрализираат Салах, Фирмино и Мане, помогнати од Флоренци и од Коларов по бековските позиции.
Џордан Хендерсон се враќа во стартниот тим на Ливерпул откако поради суспензија го пропушти реваншот со Манчестер сити. Тој ќе раководи со средниот ред каде Јирген Клоп нема премногу избор, па ќе им даде шанса на Милнер и на Окслејд Чембрлен во ситуација кога се повредени Џан и Лалана.
ЛИВЕРПУЛ – РОМА
Ливерпул: Кариус, Трент Арнолд, Робертсон, Ловрен, Ван Дајк, Хендерсон, Милнер, Окскејд Чембрлен, Мане, Фирмино, Салах.
Рома: Бекер, Фазио, Жесус, Манолас, Коларов, Флоренци, Наинголан, Де Роси, Стротман, Ундер, Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА