Најавени тимови во ЛШ: Борусија и Атлетико без клучни фудбалери

Нокаут-фазата од Лигата на шампионите ќе почне со две суперинтересни пресметки, Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд ќе ја имаат улогата на домаќини против Ливерпул, односно ПСЖ.

Европскиот првак Ливерпул ќе биде во комплетен состав за гостувањето на стадионот каде минатата година „црвените“ стигнаа до титулата во ЛШ. Салах, Мане и Фирмино ќе го нападнат голот на Јан Облак, додека на спротивната страна Диего Симеоне се соочува со сериозен проблем поради отсуството на најскапиот фудбалер, Жоао Феликс, како и десниот бек Трипие.

Борусија Дортмунд исто така нема да може да смета на стандарден првотимец, капитенот Марко Ројс поради повреда ќе го пропушти дуелот со ПСЖ, а крајно неизвесен е и настапот на германскиот репрезентативец Јулијан Брант. Дополнителен проблем за „милионерите“ е што Нејмар се рехабилитираше од повредата, па бразилскиот ас заедно со Мбапе ќе го предводи нападот на ПСЖ на овој натпревар.

АТЛЕТИКО М. – ЛИВЕРПУЛ

Атлетико: Облак, Аријас, Савиќ, Фелипе, Саул Нигез, Коке, Томас, Љоренте, Витоло, Кореа, Мората.

Отсутни: Трипие, Ерера, Феликс.

Ливерпул: Алисон Бекер, Александер Арнолд, Робертсон, Ван Дајк, Гомез, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Салах, Мане, Фирмино.

Отсутни: Клајн, Шакири.

БОРУСИЈА Д. – ПСЖ

Борусија: Бурки, Загаду, Хумелс, Пишчек, Ашраф, Гереиро, Витсел, Џан, Санчо, Азар, Халанд.

Отсутни: Ројс, Дилејни. Неизвесен: Брант.

ПСЖ: Навас, Муние, Тијаго Силва, Кимпембе, Курзава, Верати, Маркињос, Ди Марија, Сарабија, Мбапе, Нејмар.

Отсутни: Дагба, Дијало.

Се вчитува...