Најавени тимови за ЛЕ: Јунајтед и Интер со сите оружја „пукаат“ за полуфинале

Манчестер Јунајтед со својот најсилен тим ќе излезе на мегдан против Копенхаген, во обид да избори место во полуфиналето од Лигата на Европа. Солскјер на реванш-дуелот со ЛАСК ги одмори речиси сите првотимци, но за денешниот натпревар против данскиот клуб „црвените ѓаволи“ ќе настапат со најдобрите единаесетмина. За очекување е тотална офанзива на англискиот гигант уште од првата минута, со оглед на најавите дека од стартот ќе се појават Гринвуд, Рашфорд и Марсијал, помогнати од Фернандеш и од Пол Погба.

Многу понеизвесно се очекува да биде на пресметката меѓу Баер Леверкузен и Интер. „Нероаѕурите“ ја имаат улогата на фаворити, но „фармацевтите“ се исклучително опасен тим на контранапади и избраниците на Конте ќе мора да бидат максимално внимателни. Лукаку дефинитивно е стартер, Лаутаро е фаворит да добие предност пред Алексис Санчез крај белгискиот голгетер, додека Ериксен и покрај погодокот во осминафинлето против Хетафе повторно ќе остане на клупата за резерви.

ИНТЕР – БАЕР Л.

Интер: Хандановиќ, Годин, Де Фрај, Бастони, Д’Амброзио, Брозовиќ, Барела, Галјардини, Јанг, Лукаку, Лаутаро.

Отсутни: Весино.

Баер: Храдецки, Л. Бендер, С. Бендер, Тапсоба, Синкгравен, Паласиос, Демирбај, Вирц, Хаверц, Диаби, Фоланд.

Отсутни: Амири, Арангуиз. Неизвесен: Белараби.

МАНЧЕСТЕР Ј. – КОПЕНХАГЕН

Манчестер: Ромеро, Ван Бисака, Вилијамс, Мегвајер, Линделоф, Матиќ, Погба, Фернандеш, Марсијал, Гринвуд, Рашфорд.

Отсутни: Џонс, Шо.

Копенхаген: Јохансон, Варела, Нелсон, Бјеланд, Боилесен, Стаге, Зека, Пеп Биел, Винд, Фалк, Кауфман.

Отсутни: Сантош, Фишер, Сигурдсон, Томсен.

Се вчитува...