Најавени тимови за ЛЕ: Шахтјор без клучниот дефанзивец, Севилја со најсилен состав

Севилја е единствениот од четирите тимови кои вечерва ќе се сретнат во Лигата на Европа чиј тренер нема посериозни проблеми во пресрет на четвртфиналната пресметка на својата екипа. Лопетеги не може да смета единствено на болниот Гудељ, но српскиот интернационалец ионака најчесто е резерва, па Севилја ќе настапи со најсилните единаесетмина на дуелот со Вулверхемптон.

На спротивната страна, „волците“ се ослабени поради суспензијата на Поденс, како и тешката повреда на коленото на левиот бек Џони, кого го очекува долга пауза од терените.

Шахтјор ќе мора да се снаоѓа на дуелот против Базел без помошта на главниот дефанзивец Хочолава, кој доби црвен картон на реваншот против Волфсбург. На спротивната страна, тренерот на Базел има сериозни главоболки бидејќи Рамирес, Зуфи и Омлин се повредени, додека Комерт ќе го пропушти денешното четвртфинале против суспензија.

ВУЛВЕРХЕМПТОН – СЕВИЛЈА

Вулверхемптон: Руи Патрисио, Боли, Коуди, Саис, Доерти, Дендонкер, Невес, Мутињо, Винагре, Јота, Хименез.

Отсутни: Џони, Поденс.

Севилја: Валчик, Навас, Диего Карлос, Кунде, Регулион, Фернандо, Џордан, Банега, Окампос, Мунир, Де Јонг.

Отсутни: Гудељ.

ШАХТЈОР – АЈНТРАХТ

Шахтјор: Пјатови, Додо, Кривцов, Матвиенко, Болбат, Антонио, Степаненко, Патрик, Марлос, Мораеш, Тајсон.

Отсутни: Хочолава.

Базел: Николиќ, Видмер, Алдерете, Ван дер Верф, Петрета, Џака, Штокер, Кампо, Пулулу, Фреи, Кабрал.

Отсутни: Комерт, Омлин, Рамирес, Зуфи.

Се вчитува...