Баерн Минхен со победа во Глазгов над Селтик би си го осигурал пласманот во осминафиналето од ЛШ, но задачата на Јуп Хејнкес и неговите избраници не е нималку лесна ако се земат во предвид бројните отсуства на стандардните првотимци на баварскиот гигнат. Главен проблем дефинитивно е неиграњето на Роберт Левандовски, особено ако се знае дека Баерн нема втор класичен напаѓач во своите редови, а згора на тоа и Томас Милер, кој по потреба игра на оваа позиција, исто така е повреден. Во една ваква ситуација најистурен најверојатно ќе биде Хамес Родригез, помогнат од Арјен Робен и од Кингсли Коман, во обид да се дојде до трите бода на жешкиот терен во Глазгов.
Бенфика без капитенот Луизао ќе настапи на „Олд трафорд“ против Манчестер јунајтед, на кој шанса повторно ќе добие младиот голман Миле Свилар, без оглед на големиот „кикс“ на првиот дуел меѓу овие два тима во Лисабон.
Килијан Мбапе одигра нешто послабо на последните неколку средби, па Унаи Емери најави дека ќе го седне младиот Французин на клупата за вечерашниот дуел со Андерлехт. Тоа не е преголем проблем за „светците“ ако се знае дека Нејмар и Кавани ќе бидат во нападот, помогнати од Ди Марија, Дракслер и Верати.
Македонскиот ас Стефан Ристовски е најавен како стартер во Спортинг Лисабон за дуелот против Јувентус, меч на кој португалскиот тим нема да може да смета ниту на ветеранот Матиу, а неизвесен е и настапот на Вилијам Карвалјо, клучниот играч во средниот ред.
ГРУПА А: Манчестер ј. 9, Базел 6, ЦСКА М. 3, Бенфика 0.
МАНЧЕСТЕР Ј. – БЕНФИКА
МАНЧЕСТЕР: Де Хеа, Валенсија, Дармијан, Џонс, Баи, Матиќ, Ерера, Мата, Мхитаријан, Марсијал, Лукаку.
Отсутни: Погба, Фелаини, Карик, Рохо.
БЕНФИКА: Свилар, Даглас, Рубен Диас, Самарис, Грималдо, Фејса, Салвио, Пици, Гонсалвес, Хименес, Жонас.
Отсутни: Луизао, Алмеида.
БАЗЕЛ – ЦСКА М.
БАЗЕЛ: Вацлик, Суши, Аканжи, Баланта, Ланг, Џака, Зуфи, Стефен, Петрета, Елјунуси, Ајети.
Отсутни: Ваилати, Ван Волфсвинкел.
ЦСКА: Акинфеев, Набабкин, Васин, В. Березутски, Игнашевич, Шеников, Головин, Вернблом, Џагоев, Витињо, Чалов.
Отсутни: /
ГРУПА Б: ПСЖ 9, Баерн М. 6, Селтик 3, Андерлехт 0.
СЕЛТИК – БАЕРН
СЕЛТИК: Гордон, Лустиг, Бистон, Бојата, Тирни, Форест, Браун, Армстронг, Синклер, Рогиќ, Дембеле
Отсутни: Шимуновиќ, Ралстон, Робертс.
БАЕРН: Улрих, Кимих, Ботеанг, Хумелс, Алаба, Руди, Мартинез, Тијаго, Робен, Коман, Хамес Родригез.
Отсутни: Левандовски, Бернат, Милер, Рибери, Нојер.
ПСЖ – АНДЕРЛЕХТ
ПСЖ: Ареола, Дани Алвеш, Курзава, Маркињос, Силва, Рабио, Верати, Дракслер, Ди Марија, Нејмар, Кавани.
Отсутни: Мота.
АНДЕРЛЕХТ: Селс, Дендонкер, Кара, Дешант, Апија, Кумс, Требел, Геркенс, Онјекуру, Теодорчик, Хани.
Отсутен: Наџар.
ГРУПА Ц: Челси 7, Рома 5, Атлетико М. 2., Карабах 1.
РОМА – ЧЕЛСИ
РОМА: Алисон, Флоренци, Хуан Жесус, Фацио, Коларов, Наинголан, Пелегрини, Стротман, Ел Шарави, Пероти, Џеко.
Отсутни: Карсдорп, Бруно Перез, Шик. Неизвесни: Манолас, Дефрел.
ЧЕЛСИ: Куртоа, Рудигер, Кејхил, Давид Луиз, Азпиликуета, Бајајоко, Алонсо, Фабрегас, Азар, Педро, Мората.
Отсутни: Мозес. Неизвесен: Канте.
АТЛЕТИКО М. – КАРАБАХ
АТЛЕТИКО: Облак, Хуанфран, Годин, Лукас, Филипе Луис, Габи, Нигез, Томас, Кореа, Гризман, Торес.
Отсутни: Караско, Коке.
КАРАБАХ: Шехиќ, Медведев, Садигов, Рзезничак, Аголи, Гарајев, Енрике, Мичел, Алмеида, Гериер, Мадатов.
Отсутни: Ндлову, Елјунуси, Гусејнов.
ГРУПА Д: Барселона 9, Јувентус 6, Спортинг 3, Олимпијакос 0.
ОЛИМПИЈАКОС – БАРСЕЛОНА
ОЛИМПИЈАКОС: Прото, Фигуеираш, Ботиа, Енгелс, Кутрис, Ромао, Жил, Здјелар, Карсела -Гонзалез, Фуртунис, Еменике.
Отсутни: Лампру, Себа. Неизвесен: Бен.
БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Маскерано, Умтити, Алба, Роберто, Бускетс, Ракитиќ, Паулињо, Деулофеу, Меси, Суарез.
Отсутни: Пике, Дембеле, Рафиња, Иниеста, Видал, Арда Туран.
СПОРТИНГ Л. – ЈУВЕНТУС
СПОРТИНГ: Патрисио, Ристовски, Коентрао, Пинто, Коатес, Желсон, Баталја, Фернандеш, Акуња, Руиз, Дост.
Отсутни: Кабрал, Пичини, Матиу. Неизвесен: Карвалјо.
ЈУВЕНТУС: Буфон, Де Шилјо, Ругани, Кјелини, Алекс Сандро, Кедира, Пјаниќ, Даглас Коста, Дибала, Манџукиќ, Игуаин.
Отсутни: Бенатија, Хеведес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА