Хари Кејн е подготвен, па Баерн Минхен со сите сили ќе излезе вечерва на мегдан на „Сантијаго Бернабеу“, на гостувањето против вечниот ривал во европскиот фудбал, Реал Мадрид.
Компани е тренер што не знае да се брани, па баварците ќе тргнат ултраофанзивно од самиот старт, со Дијаз, Олис и Гнабри како поддршка за најистурениот Кејн. На спротивната страна, одлична вест за Реал е враќањето на Едер Милитао, но отсуството на првиот голман Куртоа сигурно е сериозна главоболка за тренерот Арбелоа.
Спортинг ќе го пречека Арсенал во дуел што ќе претставува камбек на Виктор Ѓокереш во Лисабон, за пресметката со неговиот поранешен клуб. Шведскиот ас ќе го предводи нападот на „топчиите“, чиј тренер Микел Артета не може да смета на стандардниот десен бек Тимбер, капитенот Букајо Сака, како и на левиот бек Хианчипе.
На спротивната страна, кај Спортинг ќе недостига капитенот Хјулманд, кој важи за главен играч на средината од теренот и чие отсуство сигурно ќе биде сериозен проблем за домашниот состав.
РЕАЛ МАДРИД – БАЕРН МИНХЕН
РЕАЛ: Лунин, Милитао, Ридигер, Хујсен, Фран Гарсија, Чуамени, Валверде, Камавинга, Арда, Винисиус, Мбапе,
Отсутни: Себалјос, куртоа, Родриго, Менди.
БАЕРН: Нојер, Станишиќ, Упамекано, Тах, Лаимер, Кимих, Павловиќ, Дијаз, Гнабри, Олис, Кејн.
Отсутни: Улрих.
СПОРТИНГ – АРСЕНАЛ
СПОРТИНГ: Руи Силва, Фреснеда, Дијоманде, Инасио, Араухо, Дебаст, Морита, Катамо, Гонсалвеш, Тринсао, Суарез.
Отсутни: Гилјерме, Сантош, Хјулманд.
АРСЕНАЛ: Раја, Салиба, Вајт, Габриел, Калафиори, Рајс, Зубименди, Едегард, Тросар, Мадуеке, Ѓокереш.
Отсутни: Езе, Хианчиппе, Мерино, Сака, Тимбер
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

