Најавени тимови за ЛШ: Баерн со многу проблеми, Гвардиола без главоболки пред Реал Мадрид

Томас Тухел се соочува со нови проблеми во пресрет на вечерашниот реванш против Арсенал, откако во последните седум дена остана без помошта на Гнабри и Коман. Добра вест е што барем Нојер и Сане ги санираа своите повреди и ќе можат да играат против „топчиите“, но проблем плус е суспензијата на Дејвис, поради што на лев бек најверојатно ќе мора да биде прекомандуван Мазрауи.

Арсенал нема преголеми проблеми, а одлична вест за Артета е што повредата на Едегард на последниот дуел со Астон Вила не е посериозна, па норвешкиот репрезентативец ќе може да се појави од првата минута на „Алијанц Арена“.

Европскиот првак Манчестер Сити ќе го пречека Реал Мадрид во вториот меч од вечерашната програма. Пеп Гвардиола ќе ги има сите фудбалери на располагање откако и Кајл Вокер ги надмина проблемите со повредата. На спротивната страна, кај Анчелоти најмногу ќе недостига Чуамени поради суспензија, бидејќи францускиот играч за врска одлично се снаоѓаше и како централен дефанзивец крај Ридигер. Милитао се уште не е стопроцентно подготвен, па место во одбраната ќе добие искусниот Начо, кој заедно со Ридигер ќе треба да неутрализира Ерлинг Халанд.

БАЕРН М. – АРСЕНАЛ

БАЕРН: Нојер, Кимих, Де Лихт, Дајер, Мазрауи, Лајмер,Горецка, Сане, Милер, Мусиала, Кејн.

Отсутни: Бои, Коман, Дејвис, Гнабри, Сар.

АРСЕНАЛ: Раја, Вајт, Салиба, Габриел, Томијасу, Жоржињо, Рајс, Едегард, Хаверц, Сака, Мартинели.

Отсутни: Тимбер.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ МАДРИД

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Стоунс, Дијаз, Гвардиол, Родри, Де Бруине, Силва, Грилиш, Фоден, Халанд.

Отсутни: /

РЕАЛ МАДРИД: Лунин, Карвахал, Начо, Ридигер, Менди, Валверде, Крос, Камавинга, Белингем, Винисиус, Родриго.

Отсутни: Чуамени, Куртоа, Алаба.

Се вчитува...