Најавени тимови за ЛШ: Барса без важни играчи, Наполи комплетен

Барселона и Наполи ќе водат битка за место во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, дуел на кој вечерва ќе мора да има победник откако првата осминафинална пресметка меѓу овие ривали заврши без победник.

Каталонците се соочуваат со нови проблеми околу составот откако Чави остана без двајца важни играчи од средниот ред, Педри и Де Јонг, подолго време повреден е и Гави, а на последниот меч со Мајорка се повреди и Рафиња, чиј настап вечерва е крајно неизвесен. На спротивната страна, „наполитанците“ ќе бидат комплетни вечерва во Барселона, предводени од Осимен и Кварацкелија кои и на овој меч ќе бидат главни адути на актуелниот италијански шампион.

Аренал на вториот вечерашен дуел ќе го пречека Порто во обид да ја надополни негативата од еден гол од првиот натпревар. „Топчиите“ играат извонредно во Премиер-лигата, но на првиот меч со Португалците се соочија со проблеми во последната третина од теренот, не успевајќи да упатат ниту еден удар во рамките на противничкиот гол. Добра вест за Артета е што Мартинели е „фит“ по повредата, но се очекува Бразилецот да влезе во игра во второто полувреме, а стартер повторно да биде Тросар.

АРСЕНАЛ – ПОРТО

АРСЕНАЛ: Раја, Вајт, Габриел, Салиба, Кивиор, Рајс, Жоржињо, Едегард, Сака, Тросар, Хаверц.

Отсутни: Тимбер. Неизвесни: Мартинели, Парти, Томијасу.

ПОРТО: Коста, Жоао Марио, Пепе, Отавио, Вендел, Варела, Нико Гонзалез, Консеисао, Пепе, Еванилсон, Галењо.

Отсутни: Заиду, Маркано. Неизвесен: Тареми.

БАРСЕЛОНА – НАПОЛИ

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Кунде, Араухо, Кубарси, Кристенсен, Кансело, Фермин, Гундоган, Јамал, Феликс, Левандовски.

Отсутни: Балде, Гави, Педри, Де Јонг, Алонсо.

НАПОЛИ: Мерет, Ди Лоренцо, Естегард, Жезус, Мацоки, Лоботка, Ангиса, Траоре, Политано, Кварацкелија, Осимен.

Отсутни: /

Се вчитува...