Најавени тимови за ЛШ: Елмас останува првотимец, но со поинаква улога

Елиф Елмас ќе ја задржи првотимската улога во Наполи и за денешниот реванш против Милан, но македонскиот „дијамант“ ќе има поинакви задолженија на теренот од првиот дуел во Милано, на кој мораше да игра како „лажна деветка“ во ситуација кога Виктор Осимен беше повреден. Нигерискиот голгетер е подготвен за камбек и старт од првата минута против „росонерите“, што за Елмас ќе значи враќање во средниот ред на „наполитанците“, каде нашиот ас ќе го заземе местото на суспендираниот Ангиса.

На спротивната страна, Милан без посериозни проблеми го очекува денешното гостување, а „росонерите“ и одморени ќе го дочекаат овој реванш, ако се знае дека Пиоли викендов против Болоња ги одмори речиси сите првотимци.

Челси ќе брка два гола негатива на домашен терен против Реал Мадрид, меч за кој „сините“ нема да можат да сметаат на стартниот лев бек Чилвел поради суспензија, како и на дефанзивецот Кулибали. Лампард ќе треба да реши дали повторно да му даде шанса на Мудрик, кој се покажа како катастрофално засилување, или пак во првите единаесетмина да се појави Жоао Феликс.

НАПОЛИ – МИЛАН

НАПОЛИ: Мерет, Ди Лоренцо, Рахмани, Жезус, Оливера, Лоботка, Елмас Зиелински, Лозано, Осимен, Кварацкелија.

Отсутни: Ким, Ангиса, Симеоне.

МИЛАН: Мењон, Калабрија, Томори, Кјаер, Хернандез, Тонали, Круниќ, Бенасер, Дијаз, Леао, Жиру.

Отсутни: /

ЧЕЛСИ – РЕАЛ МАДРИД

ЧЕЛСИ: Аризабалага, Фофана, Силва, Шалоба, Џејмс, Кукурелја, Канте, Фернандез, Феликс, Стерлинг, Хаверц.

Отсутни: Чилвел, Кулибали.

РЕАЛ: Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба, Камавинга, Модриќ, Крос, Чуамени, Валверде, Бензема, Винисиус.

Отсутни: Менди.

Се вчитува...