Со одигрувањето на вечерашните реваши ќе бидат познати и првите четири четвртфиналисти во Лигата на Шампионите за оваа натпреварувачка сезона.
Програмата почнува во 18.45 часот со дуелот меѓу Барселона и Бенфика, во кој каталонците влегуваат со предност од 1-0 од првиот меч во Лисабон. Кубарси нема да може да настапи поради црвениот картон на тој меч, додека на спротивната страна Бенфика ќе го нема Анхел ди Марија.
Баер Леверкузен ќе брка огромни три гола негатива против Баерн, а тренерот Чаби Алонсо згора на тоа нема да може да смета на својот најдобар фудбалер Флоријан Вирц, кого го очекува пауза од околу еден месец од терените.
ПСЖ во полн состав гостува на „Енфилд“ во обид да му се одмазди на Ливерпул за несреќниот пораз во Париз од пред шест дена. „Црвените“ за разлика од тој меч вечерва повторно во тимот ќе го имаат Коди Гакпо, кој е најавен како стартер во нападот крај Салах и Луис Дијаз.
Интер важи за голем фаворит против Феенорд, ако се знае дека на долгата листа на отсутни играчи кај холандскиот тим се приклучи и повредениот Паишао, додека Осман ќе го пропушти вечерашниот реванш поради суспензија.
БАРСЕЛОНА – БЕНФИКА 18.45 часот
БАРСЕЛОНА: Шчесни, Кунде, Араухо, Мартинез, Балде, Педри, Гави, Олмо, Рафиња, Јамал, Левандовски.
Отсутни: Кубарси, Кристенсен, Бернал.
БЕНФИКА: Трубин, Араухо, А. Силва, Дал, Отаменди, Кокчу, Аурснес, Бареиро, Актуркоглу, Павлидис, Шјелдеруп.
Отсутни: Бах, Карерас, Ди Марија, Ману Силва, Гувеија.
ИНТЕР – ФЕЕНОРД
ИНТЕР: Зомер, Павар, Ачерби, Бисек, Дамфрис, Фратези, Мхитаријан, Чалханоглу, Аугусто, Мартинез, Турам.
Отсутни: Дармијан, Димарко, Зиелински, Жалевски. Неизвесни: Мартинез, Де Фрај.
ФЕЕНОРД. Веленројтер, Реад, Траунер, Ханко, Буено, Модер, Белен, Смал, Муса, Иванушец, Каранца.
Отсутни: Осман, Бијлоу, Хванг, Паишао, Лотомбо, Миламбо, Надје, Нијвкоп, Штенгс, Тимбер, Зеруки.
БАЕР Л. – БАЕРН .
БАЕР: Ковар, Артур, Тах, Хермосо, Хианчипе, Џака, Паласиос, Тела, Грималдо, Фримпонг, Бонифејс.
Отсутни: Мукиеле, Терие, Вирц.
БАЕРН: Урбиг, Лајмер, Дејвис, Ким, Упамекано, Кимих, Горецка, Олис, Мусиала, Коман, Кејн.
Отсутни: Нојер, Павловиќ.
ЛИВЕРПУЛ – ПСЖ
ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Александер Арнолд, Робертсон, Ван Дајк, Конате, Гравенберг, Мекалистер, Собослаи, Гакпо, Дијаз, Салах.
Отсутни: Бредли, Гомез, Мортон.
ПСЖ: Донарума, Хакими, Маркињос, Пачо, Мендеш, Невеш, Витиња, Фабијан Руиз, Баркола, Дембеле, Кварацкелија.
Отсутни: /
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

