Андреа Пирло се соочува со сериозни проблеми со тимот на Јувентус во пресрет на гостувањето против Порто. Клучниот дефанзивец Леонардо Бонучи го очекува пауза од најмалку две седмици, што значи дека Пирло повторно ќе стартува со Кјелини, кој го направи пеналот при поразот од Наполи. Се уште не е „фит“ ниту Дибала, чие место во навалната линија ќе го заземе Алваро Мората, додека средниот ред ќе биде ослабен со неиграњето на Артур и на Квадрадо.
На спротивната страна, Порто ќе има речиси комплетен тим на располагање. Нападот на португалскиот гигант ќе го предводат Марега и Дијаз, додека Пепе во одбраната ќе ја има задачата да го запре својот добар пријател и долгогодишен репрезентативен колега Кристијано Роналдо.
Севилја без Окампос и без Акуња ќе ја пречека Борусија Дортмунд, меч на кој „милионерите“ имаат многу повеќе проблеми поради отсуствата на Витсел, Загату и Шмелцер.
ПОРТО – ЈУВЕНТУС
ПОРТО: Маркезин, Манафа, Пепе, Мбемба, Заиду, Оливеира, Урибе, Отавио, Корона, Марега, Дијаз.
Отсутни: Нану.
ЈУВЕНТУС: Шчешни, Данило, Сандро, Де Лихт, Кјелини, Рабио, Бентанкур, Мекени, Киеза, Мората, Роналдо.
Отсутни: Дибала, Бонучи, Артур, Квадрадо.

СЕВИЛЈА – БОРУСИЈА Д.
СЕВИЛЈА: Буну, Навас, Кунде, Карлос, Ескудеро, Џордан, Фернандо, Ракитиќ, Сусо, Гомез, Ен Несири.
Отсутни: Окампос, Акуња.
БОРУСИЈА: Хиц, Мореј, Аканжи, Хумелс, Гереиро, Џан, Дилејни, Реина, Санчо, Ројс, Халанд.
Отсутни: Пишчек, Шмелцер, Витсел, Загаду.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

