Најавени тимови за ЛШ: Гвардиола ќе ротира, Елмас пак резерва за Лајпциг

Манчестер Сити има одлична предност од првиот меч во Данска, па Пеп Гвардиола може да си дозволи да го ротира на вечерашниот дуел со Копенхаген ако се знае дека в недела „граѓаните“ ги очекува „мечот на сезоната во Премиер-лигата“, гостувањето на „Енфилд“ против Ливерпул.

Шпанскиот стратег ќе одмори дел од првотимците, па така се очекува вечерва во стартниот тим да не се појават Вокер, Де Бруине, Родри, како и еден од Фоден или Халанд, кои сигурно ќе бидат стартери в недела против Ливерпул.

Реал Мадрид ќе го пречека Лајпциг со преднос од 1-0 од првиот меч во Германија. „Кралевите“ повторно ќе бидат со Белингем како „лажна деветка“, Англичанецот ќе има помош од Родриго и од Винисиус, а единствената дилема на Анчелоти е дали мечот да го почне со Чуамени како последен играч во одбраната крај Ридигер или да ризикува со Начо, кој не е стопроцентно подготвен.

Елиф Елмас повторно е најавен како резерва во тимот на Лајпциг, а Македонецот би требало да добие шанса во второто полувреме на „Сантијаго Бернабеу“.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – КОПАНХАГЕН

МАН. СИТИ: Едерсон, Аканжи, Стоунс, Дијаз, Аке, Ковачиќ, Рико Луис, Доку, Силва, Алварез, Фоден (Халанд).

Отсутни: Грилиш, Гвардиол.

КОПЕНХАГЕН: Грабара, Јелерт, Вавро, Мекена, Мелинг, Дикс, Клем, Хојлунд, Елјунуси, Ачури, Матсон.

Отсутни: Сандер, Лерагер, Клаесон, Гонсалвеш, Хочолава.

РЕАЛ МАДРИД – ЛАЈПЦИГ

РЕАЛ: Лунин, Карвахал, Менди, Чуамени, Ридигер, Валверде, Камавинга, Крос, Белингем, Винисиус, Родриго.

Отсутни: Алаба, Милитао, Куртоа.

ЛАЈПЦИГ: Гулаши, Хенрикс, Лукеба, Орбан, Раум, Шлагер, Хаидара, Олмо, Симонс, Опенда, Шешко.

Отсутни: Сикаман, Клостерман.

Се вчитува...