Јирген Клоп се соочува со сериозни проблеми со составот на Ливерпул за вечерашното гостување против Реал Мадрид, на кое „црвените“ тргнуваат во невозможна мисија да бркаат три гола негатива по поразот на „Енфилд“.
Тијаго Алкантара и Луис Дијаз веќе подолго време се надвор од тимот, но Клоп се соочи со нови проблеми откако Хендерсон отпадна од комбинација поради болест, а во тимот ќе го нема ниту Стефан Бајчетиќ, кој заработил незгодна повреда на мускулот на еден од последните тренинзи на „црвените“. Во една таква ситуација, се очекува Кеита да добие шанса крај Фабињо и Гакпо, додека во нападот повторно ќе се најдат Салах, Нуњез и Гакпо.
На спротивната страна, Реал Мадрид ќе биде речиси комплетен откако Карим Бензема ја доби трката со времето и ќе може да стартува против тимот на кого веќе му даде шест погодоци на досегашните седум одиграни натпревари против „црвените“.
Наполи е голем фаворит на мечот на домашен терен со Ајнтрахт, на кој Спалети има само една дилема, дали Елмас да добие шанса во првиот тим на местото на Зиелински. Гостите ќе допатуваат сериозно ослабени ако се знае дека Ајнтрахт во тимот ќе го нема најдобриот стрелец Коло Муани, кој поради суспензија нема да може да настапи на стадионот „Диего Марадона“.
РЕАЛ МАДРИД – ЛИВЕРПУЛ
РЕАЛ: Куртоа, Карвахал, Милитао, Ридигер, Начо, Модриќ, Чуамени, Крос, Валверде, Винисиус, Бензема.
Отсутни: Менди. Неизвесен: Алаба.
ЛИВЕРПУЛ: Алисон Бекер, Александер Арнолд, Конате, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Кеита, Елиот, Гакпо, Нуњез, Салах.
Отсутни: Алкантара, Дијаз, Хендерсон, Бајчетиќ.
НАПОЛИ – АЈНТРАХТ
НАПОЛИ: Мерет, Ди Лоренцо, Ким, Руи, Рахмани, Лоботка, Ангиса, Елмас, Лозано, Кварацкелија, Осимен.
Отсутни: Распадори.
АЈНТРАХТ: Трап, Хасебе, Ндика, Тута, Кнауф, Роде, Сов, Макс, Геце, Камада, Боре.
Отсутни: Ебимбе, Линдстром, Муани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

