Најавени тимови за ЛШ: Ливерпул преполовен, ПСЖ без Нејмар и Ди Марија на „Камп Ноу“

ПСЖ лани стигна на само еден чекор до остварување на големиот сон – кревање на пехарот во Лигата на Шампионите, но на патот во големото финале им застана Баерн Минхен. „Светците“ и сезонава ја имаат истата цел пред себе, но патот до врвот на Европа е трнлив, па прв ривал во нокаут фазата им е Барселона. Згора на тоа, тренерот Покетино остана без повредените Ди Марија и Нејмар, со што значително се лимитираат опциите во нападот.

На спротивната страна, Барса ќе биде предводена од француските интернационалци Гризман и Дембеле како поддршка за незаменливиот Меси. Дефанзивецот Пике е блиску до камбек, но денеска нема да биде стартер против „светците“.

Лајпциг ќе го пречека Ливерпул на неутрален терен во Будимпешта, натпревар на кој гостите ќе бидат сериозно ослабени поради неиграње на неколку стандардни првотимци. Капитенот Хендерсон повторно е приморан да игра како последен играч во одбраната иако тоа не вроди со плод на последните премиерлигашки натпревари.

БАРСЕЛОНА – ПСЖ

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Дест, Мингеза, Ленгле, Алба, Бускетс, Педри, Де Јонг, Меси, Гризман, Дембеле.

Отсутни: Роберто, Кутињо, Фати, Араухо.

ПСЖ: Навас, Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Курзава, Геје, Паредес, Верати, Сарабија, Икарди, Мбапе.

Отутни: Ди Марија, Нејмар, Дагба, Бернат.

ЛАЈПЦИГ – ЛИВЕРПУЛ

ЛАЈПЦИГ: Гулаши, Клостерман, Орбан, Упамекано, Мукиеле, Сабицер, Кампл, Анжелињо, Нкунку, Олмо, Поулсен.

Отсутни: Форсберг, Лајмер, Шобослаи.

ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Александер Арнолд, Робертсон, Кабак, Хендерсон, Вајналдум, Џонс, Тијаго, Фирмино, Мане, Салах.

Отутни: Ван Дајк, Гомез, Жота, Кеита, Матип, Милнер. Неизвесни: Фабињо, Ориги.

Се вчитува...