Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, се соочува со најголеми проблеми од четирите стратези што вечерва ќе ги водат своите тимови во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Отсуствата на суспендираните Пјаниќ и Бенатија му создаваат огромни главоболки на Алегри пред мечот со Реал Мадрид, уште повеќе ако се знае дека Манџукиќ и Алекс Сандро дури вчера почнаа да тренираат со тимот, па најверојатно ќе стартуваат само од клупата за резерви. Маркизио би требало да добие шанса во средниот ред пред младиот Бентанкур, додека во одбраната Барѕалји ќе стартува крај Кјелини, а позицијата на десен бек ќе ја пополни Де Шилјо.
На спротивната страна, Зинедин Зидан нема речиси никакви проблеми ако се знае дека повреден е единствено Начо, но дефанзивецот во секој случај не беше планиран за стартер на вечерашниот дуел во Торино.
Севилја ќе мора да се снаоѓа на дуелот со Баерн Минхен без помошта на главниот плејмејкер Евер Банега, кој е суспендиран. Кај гостите тренерот Хејнкес ќе може да смета на истите играчи кои ја демолираа Борусија Дортмунд со 6-0, па се најавува офанзивна формација предводена од Левандовски и Милер, помогнати од Робен и од Рибери по крилните позиции.
ЈУВЕНТУС – РЕАЛ М.
ЈУВЕНТУС: Буфон, Де Шилјо, Барѕалји, Кјелини, Асамоа, Кедира, Маркизио, Матуиди, Дибала, Коста, Игуаин.
Отутни: Бенатија, Пјаниќ, Бернардески. Неизвесни: Манџукиќ, Алекс Сандро.
РЕАЛ МАДРИД: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Кашемиро, Крос, Модриќ, Бејл, Роналдо, Бензема.
Отсутни: Начо.
СЕВИЛЈА – БАЕРН М.
СЕВИЛЈА: Рико, Навас, Кјаер, Ленглет, Ескудеро, Нзонзи, Пизаро, Сарабија, Васкез, Кореа, Бен Једер.
Отсутни: Банега.
БАЕРН: Улрих, Кимих, Боатенг, Хумелс, Алаба, Хави Мартинез, Тијаго, Робен, Рибери, Милер, Левандовски.
Отсутни: Нојер, Коман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА