Најавени тимови за ЛШ: ПСЖ без капитенот, Борусија без столбот на одбраната

ПСЖ ќе ја има фаворитската улога на дуелот против Астон Вила, на кој „светците“ ќе мора да се снаоѓаат без капитенот Маркињос, чие место во одбраната ќе му припадне на Бразилецот Бералдо. Главната сила на францускиот првак сепак лежи во атомскиот напад предводен од Дембеле, кој ќе биде помогнат од Баркола и од Кварацхелија.

Роберт Левандовски ќе го предводи нападот на Барселона против неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд, а „милионерите“ треба да стравуваат и од Рафиња, кој е „фит“ по повредата што го мачеше во изминатите десетина дена. Oва ќе биде и дуел на двајцата најдобри стрелци во ЛШ сезонава, Рафиња има 11, а Гираси 10 за Борусија Дортмунд. Гостите од Германија имаат големи проблеми, во средниот ред ќе недостигаат Грос и Сабицер, но главна главоболка на тренерот Ковач му приредува повредата на главниот дефанзивец Шлотербек, кој поради проблем со менискусот предвреме ја заврши оваа сезона.

ПСЖ – АСТОН ВИЛА

ПСЖ: Донарума, Хакими, Бералдо, Пачо, Мендеш, Витиња, Жоао Невеш, Руиз, Баркола, Дембеле, Кварацхелија.

Отсутни: Маркињос.

АСТОН ВИЛА: Мартинез, Кеш, Кона, Мингс, Дињ, Камара, Тилеманс, Роџерс, Мекгин, Рамси, Рашфорд.

Отсутни: Баркли,

БАРСЕЛОНА – БОРУСИЈА Д.

БАРСЕЛОНА: Шчесни, Кунде, Кубарси, Мартинез, Балде, Педри, Де Јонг, Гави, Рафиња, Јамал, Левандовски.

Отсутни: Бернал, Касадо, Олмо, Тер Штеген.

БОРУСИЈА: Кобел, Рајерсон, Џан, Антон, Бенсебаини, Нмеча, Чуквуемека, Брант, Адејеми, Бајер, Гираси.

Отсутни: Грос, Мане, Сабиџер, Ватјен, Шлотербек, Зиле.

Се вчитува...