Најавени тимови за ЛШ: ПСЖ без важен играч, Борусија без дефанзивци

Нокаут фазата од Лигата на Шампионите за оваа сезона ќе почне во Истанбул, со дууелот меѓу Галатасарај и Јувентус. Турскиот гигант ќе ја има поддршката од трибините како мотив плус за добар резултат, а одлична вест за Галата е што Лирој Сане се опорави од повредата и ќе може да настапи од првата минута вечерва.

Кај Јуве ќе недостигаат Дејвид, Холм и Влаховиќ, а неизвесно е дали тренерот Спалети ќе може да смета на услугите на Кефрен Турама.

Европскиот првак ПСЖ во последното коло од домашното првенство беше шокиран од Рен, а „светците“ ќе мора што поскоро да се опорават од тој пораз и вечерва против Монако да се претстават како достојни бранители на трофејот. Фабијан Руиз, кој беше важен играч во ланскиот поход по трофејт, вечерва нема да игра поради повреда, додека на спротивната страна кај Монако ќе недостигаат ќе недостигаат неколку првотимци.

Борусија има само еден здрав централен дефанзивец (Антон) откако за вечерашниот дуел со Аталанта од игра отпаднаа Зиле, Шлотербек, но и Емре Џан.

Бенфика ќе го пречека Реал Мадрид, овие два ривала се сретнаа и во последното коло од лигашкиот дел. Асенсио и Родриго добија црвени картони на овој дел, па нема да можат да настапат вечерва.

ГАГАЛАТАСАРАЈ – ЈУВЕНТУС              18.45 часот

ГАЛАТАСАРАЈ: Чакир, Боји, Санчез, Бардакчи, Елмали, Сара, Тореира, Акгун, Сане, Јилмаз, Осимен.

Отсутни: Лемина.

ЈУВЕНТУС: Ди Грегорио, Калулуу, Бремер, Кели, Камбијасо, Мекени, Копмајнерс, Локатели, Јилдиз, Консеисао, Опенда.

Отсутни: Дејвид, Холм, Влаховиќ. Неизвесен: Турам.

МОНАКО – ПСЖ                    21 часот

МОНАКО: Кен, Вандерсон, Фаес, Керер, Кајо Енрике, Камара, Закарија, Адингра, Головин, Кулибали, Балугон.

Отсутни: Кабрал, Дајер, Храдецки, Мависа. Неизвесни: Камара, Фати, Аклиуш.

ПСЖ: Сафонов, Хакими, Мендеш, Пачо, Маркињос, Витиња, Жоао Невеш, Заир – Емери, Баркола, Дембеле, Кварацхелија.

Отсутни: Мајулу, Фабијан Руиз.

БЕНФИКА – РЕАЛ МАДРИД

БЕНФИКА: Трубин, Дедиќ, Дал, Араухо, Отаменди, Бареиро, Аурснес, Судаков, Престијани, Павлидис, Шјелдеруп.

Отсутни: Бах, Томе.

РЕАЛ: Куртоа, Александер Арнолд, Ридигер, Хујсен, Карерас, Валверде, Чуамени, Арда, Камавинга, Винисиуз, Мбапе.

Отсутни: Родриго, Асенсио, Белингам, Милитао.

БОРУСИЈА Д. – АТАЛАНТА

БОРУСИЈА: Кобел, Рајерсон, Антон, Бенсебаини, Свенсон, Нмеча, Белингем, Сабиџер, Фабио Силва, Брант, Гираси.

Отсутни: Џан, Зиле, Шлотербек.

АТАЛАНТА: Карнесеки, Скалвини, Аханор, Џимсити, Запакоста, Едерсон, Де Рон, Бернаскони, Самарџиќ, Жалевски, Скамака.

Отсутни: Распадори, Де Кетеларе.

Се вчитува...