Пари сен Жермен ќе биде комплетен за вечерашниот дуел против Баерн Минхен, во пресметката на двата европски гиганти кои се вбројуваат и меѓу главните конкуренти за ЛШ оваа сезона. Нејмар ги надмина проблемите со повредата поради која не настапи против Монпелје во саботата, па интересно ќе биде да се види како ќе функционира Бразилецот вечерва со Кавани, по конфликтот што двајцата го имаа минатата седмица. Добра вест за тренерот Емери е и враќањето на Анхел ди Марија, иако е најавено дека тој ќе стартува од клупата и шанса ќе добие дури во второто полувреме од мечот на „Паркот на принцовите“. На спротивната страна, Тијаго Алкантара е „фит“ за Баерн за дуелот во Париз, а со тренинзи почна и Давид Алаба, иако е неизвесно дали австрискиот репрезентативец ќе може да настапи од првата минута од овој натпревар.
Барселона ќе се обиде да ја продолжи победничката серија и на гостувањето во Лисабон против Спортинг. Меси и Суарез ќе го предводат нападот на Барса, додека кај домаќините како стартен десен бек е најавен Пичини, што значи дека Стефан Ристовски повторно мечот ќе го почне од клупата за резерви.
Еден Азар е најавен како стартер во Челси за денешното гостувањето во Мадрид против Атлетико, па Белгиецот најверојатно ќе го заземе местото на Вилијан. Исто така, на клупата за резерви би требало да се пресели и Цеск Фабрегас, поради позатворената формација што ја подготвува Антонио Конте во тактичкото надмудрување со Диего Симеоне.
ГРУПА А
ЦСКА МОСКВА – МАНЧЕСТЕР Ј.
ЦСКА: Акинфеев, Набабкин, Васин, А. Березутски, В. Березутски, Шеников, Головин, Вернблом, Џагоев, Витињо, Оланаре.
Отсутни: Фернандеш.
МАНЧЕСТЕР: Де Хеа, Дармијан Бејли, Џонс, Блинд, Херера, Матиќ, Мата, Мхитаријан, Марсијал, Лукаку.
Отсутни: Фелаини, Карик, Погба, Рохо.
БАЗЕЛ – БЕНФИКА
БАЗЕЛ: Вацлик, Аканжи, Суши, Баланта, Стефен, Зуфи, Џака, Ланг, Елјунуси, Оберлин, Ван Волфсвинкел.
Отсутни: Габер.
БЕНФИКА: Цезар, Алмеида, Луизао, Рубен Диас, Грималдо, Пици, Фејса, Салвио, Черви, Жонас, Сеферовиќ.
Отсутни: Лопез, Жардел, Елисеу.
ГРУПА Б
ПСЖ – БАЕРН МИНХЕН
ПСЖ: Ареола, Дани Алвеш, Курзава, Маркињос, Тијаго Силва, Мота, Верати, Рабио, Мбапе, Нејмар, Кавани.
Отсутен: Пасторе.
БАЕРН: Улрих, Кимих, Хулемс, Боатенг, Рафиња, Тијаго, Видал, Робен, Рибери, Хамес Родригез, Левандовски.
Отсутни: Нојер, Бернат.
АНДЕРЛЕХТ – СЕЛТИК
АНДЕРЛЕХТ: Боекс, Апија, Спајиќ, Дешант, Совах, Требел, Дендонкер, Станчиу, Хани, Бериќ, Онијекуру.
Отсутни: Кумс, Наџар. Неизвесно: Мбоџи, Теодорчик, Обрадовиќ.
СЕЛТИК: Гордон, Лустиг, Шимуновиќ, Бојата, Турни, Браунт, Нчам, Роберт, Армстронг, Синклер, Грифитс.
Отсутни: Свјатченко, Ебуе.
ГРУПА Ц
АТЛЕТИКО М. – ЧЕЛСИ
АТЛЕТИКО: Облак, Хуанфран, Савиќ, Годин, Филипе Луис, Габи, Коке, Нигез, Караско, Гризман, Торес.
Отсутни: Фернандез.
ЧЕЛСИ: Куртоа, Азпиликуета, Давид Луиз, Кејхил, Запакоста, Канте, Алонсо, Бакајоко, Азар, Педро, Мората.
Отсутни: Дринквотер. Неизвесен: Давид Луиз.
КАРАБАХ – РОМА (18 часот)
КАРАБАХ: Каниболотски, Медведев, Хусеинов, Јунусзада, Рзезничак, Мичел, Алмеида, Енрике, Мадатов, Елјунуси, Ндлови.
Отсутни: Аголи.
РОМА: Алисон, Бруно Перез, Манолас, Хуан Хесус, Коларов, ЖПелегрини, Де Роси, Наинголан, Дефрел, Ел Шарави, Џеко.
Отсутни: Шик, Морено, Карсдорп.
ГРУПА Д
СПОРТИНГ – БАРСЕЛОНА
СПОРТИНГ: Патрисио, Пичини, Матиу, Коатес, Силва, Желсон, Вилијам Карвалјо, Баталја, Бруно Фернандеш, Акуња, Думбија.
Неизвесен: Руиз.
БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Семедо, Алба, Умтити, Пике, Бускетс, Ракитиќ, Иниеста, Меси, Деулофеу, Суарез.
Отсутни: Рафиња, Дембеле, Арда Туран.
ЈУВЕНТУС – ОЛИМПИЈАКОС
ЈУВЕНТУС: Буфон, Стураро, Барзалји, Кјелини, Алекс Сандро, Матуиди, Пјаниќ, Квадрадо, Дибала, Манџукиќ, Игуаин.
Отсутни: Де Шилјо, Хеведес, Маркизио, Пјаца.
ОЛИМПИЈАКОС: Прото, Елабделауи, Енгелс, Ромао, Фигеираш, Здјелар, Жил, Оџиџа, Карсела – Гонзалез, Себа, Ѓурѓевиќ.
Отаутни: Вуковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА