Најавени тимови за ЛШ: Реал во тотална офанзива, Баерн пак со крпена одбрана

Се е подготвено за завршните битки кои ќе ги дадат имињата на двата последни полуфиналисти од Лигата на Шампионите. Реал Мадрид тргнува во (не)возможна мисија да надополни три гола негатива од првиот меч против Арсенал, поради што „кралевите“ од самиот старт ќе тргнат во тотална офанзива. Валверде би требало да биде прекомандуван во средниот ред, на десен бек ќе стартува офанзивниот Лукас Васкез, а интересно е што Лука Модриќ е најавен како резерва, па хрватскиот ветеран најверојатно шанса ќе добие во второто полувреме.

Арсенал сигурно ќе оди на нешто позатворена варијанта, но брзоногите Сака и Мартинели ќе чекаат шанса да го загрозат голот на противникот. Добра вест за Артета е што Томас Парти се опорави по ситната повреда викендов и ќе се појави во средниот ред на „топчиите“ на вечерашниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“.

Баерн беше шокиран на првиот меч во Минхен од Интер, па баварците мораат да одговорат со иста мера и да бркаат триумф на „Џузепе Меаца“ ако сакаат да стигнат до билет за полуфиналето. Интер во однос на првиот меч овојпат ќе биде посилен за Димарко, левиот бек кој е еден од најдобрите фудбалери на „нероаѕурите“ сезонава.

Кај Баерн повторно ќе отсуствуваат важни играчи во одбраната, почнувајќи од стартниот голман Нојер, преку Упамекано, Ито и стандардниот лев бек Дејвис.

ИНТЕР – БАЕРН М.

ИНТЕР: Зомер, Павар, Ачерби, Бастони, Дармијан, Барела, Чалхноглу, Мхитаријан, Димарко, Лаутаро, Турам.

Отсутни: Дамфрис, Зиелински.

БАЕРН: Урбиг, Лаимер, Дајер, Ким, Станишиќ, Кимих, Горецка, Олис, Сане, Милер, Кејн.

Отсутни: Дејвис, Нојер, Мусиала, Ито, Упамекано.

РЕАЛ МАДРИД – АРСЕНАЛ

РЕАЛ: Куртоа, Васкез, Ридигер, Асенсио, Фран Гарсија, Валверде, Чуамени, Белингем, Родриго, Мбапе, Винисиус.

Отсутни: Карвахал, Милитао, Камавинга. Неизвесен: Менди.

АРРСЕНАЛ: Раја, Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели, Едегард, Парти, Рајс, Сака, Мартинели, Мерино.

Отсутни. Жоржињо, Хаверц, Жезус, Габриел, Калфиори, Томијасу.

Се вчитува...