Најавени тимови за ЛШ: Вилјареал и Јувентус сериозно ослабени во меѓусебниот дуел

Вилјареал и Јувентус вечерва ќе ги одмерат силите на „Ел Мадригал“ во првиот осминафинален дуел од Лигата на Шампионите, меч за кој и двајцата тренери се соочуваат со сериозни проблеми.

Унаи Емери не може да смета на најдобриот стрелец Жерар Морено, а во тимот ќе го нема ниту Кокелан, кој е важен играч во средниот ред на „жолтата подморница“. На спротивната страна, Алегри не може да смета на Дибала, Киеза и Бернардески, па тренерот на Јувентус е принуден на експеримент со Квадрадо во напаѓачкото трио, крај Влаховиќ и Мората.

Челси е домаќин на Лил, дуел на кој Тухел повторно ќе му даде шанса во стартниот тим на Лукаку и покрај очајната форма на белгискиот голгетер. Неизвесен е настапот на Мејсон Маунт, кој најверојатно ќе биде сочуван за финалето од лига-купот против Ливерпул в недела.

ВИЛЈАРЕАЛ – ЈУВЕНТУС

ВИЛЈАРЕАЛ: Рули, Фојт, Албиол, Торес, Педраза, Капуе, Ло Целсо, Парехо, Морено, Чуквуезе, Данјума.

Отсутни: Морено, Кокелан.

ЈУВЕНТУС: Шчесни, Де Шилјо, Данило, Де Лихт, Сандро, Локатели, Закарија, Рабио, Мората, Квадрадо, Влаховиќ.

Отсутни: Ругани, Киеза, Бернардески, Кјелини, Дибала.

ЧЕЛСИ – ЛИЛ

ЧЕЛСИ: Менди, Тијаго Силва, Рудигер, Кристенсен, Азпиликуета, Канте, Жоргињо, Алонсо, Зијеш, Пулишиќ, Лукаку.

Отсутни: Џејмс, Чилвел. Неизвесни: Маунт, Хадсон Одои.

ЛИЛ: Жардим, Челик, Фонте, Ботман, Гудмундсон, Веа, Андре, Џека, Бамба, Давид, Јилмаз.

Отсутни: /

Се вчитува...