Лазар Гечевски повеќе не е Комесар за натпреварување при КФСМ откако Перо Антиќ ја оствари најавената смена, па го разреши овој соработник од функцијата.
Гечевски беше дел од „тимот на Антиќ“ кој требаше да донесе промени на подобро во мак-кошарката, но комесарот беше креатор на голем број од кризните ситуации што беа создадени во изминатите шест месеци. Незадоволството од неговата работа придонесе да биде свикана Комисија за Итност, која и официјално го разреши Гечевски од комесарската функција.
Куќата на кошарката не ја објавува смената се додека официјално не биде именуван негов наследник, а се очекува тоа да биде Сречко Хорват, поранешен судија и сегашен делегат, кој кратко време беше Комесар за натпреварување пред самиот крај на мандатот на Петар Наумоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА