Жозе Мурињо беше видно разочаран по поразот на пенали од Севилја во финалето од Лигата на Европа, но навивачите на Рома се уште позагрижени од неговите зборови, што може да се протолкуваат како најава за заминување на „специјалниот“ на крајот од сезонава.
Португалецот успеа да извлече максимум од овој тим на Рома, но фактот дека и следната година нема да биде дел од Лигата на Шампионите може да го натера Мурињо да замине во некој поамбициозен клуб.
„Од понеделник сум на одмор, тоа е сигурно. Сакам да останам, но моите фудбалери заслужуваат нешто повеќе. И јас заслужувам повеќе, сакам да се борам за поголеми успеси. Да бидам искрен, се изморив да бидам и тренер и шеф за комуникации, и ликот што секогаш се жали на судиските неправди против своите фудбалери. Сакам да останам, но под услов да можам да дадам повеќе и да остварам повеќе. Следната сезона нема да бидеме во ЛШ, што парадоксално е добра вест, бидејќи реално Рома нема тим за да се натпреварува во ЛШ. Се надевам само дека овој судија ќе остане да суди во ЛШ и ќе продолжи да прави глупости како на денешното финале, а на Рома ќе и судат понормални арбитри во Лигата на Европа“, прокоментира Жозе Мурињо.
Францускиот гигант ПСЖ покажуваше сериозен интерес за португалскиот стручњак во изминатиот период, па интересно ќе биде да се види што ќе биде следен чекор на Мурињо во неговата блескава тренерска кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА