Тренерот на Панатинаикос, Чави Пасквал, беше автор на најбизарниот тајмаут оваа сезона, откако на дуелот со Жалгирис побара минута одмор, за потоа да го премолчи овој период без да им даде никаков совет на своите избраници.
ПАО имаше двоцифрена негатива и шпанскиот стратег разочаран од слабото издание побара втор тајмаут за кратко време, но откако неговите први совети не вродија со плод овојпат реши со молк да им испрати порака на кошаркарите.
Интересно, тоа се покажа како правилен потег бидејќи успеа да ги разбуди играчите, ПАО се врати од големата негатива и се избори за продолжение, во кое сепак Жалгирис стигна до победата.
— Donatas Urbonas (@Urbodo) October 26, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА