Најбогатиот фудбалер во светот има нов клуб

Репрезентативецот на Брунеи Фаик Болкиа кој е најбогат фудбалер во светот е нов играч на португалскиот премиер-лигаш Маритимо. Болкиа ги помина младите категории на Саутемптон, Арсенал, Челси и Лестер во кој во 2016 година потпиша професионален договор со сениорскиот тим.

Сепак, за тимот „Кинг пауер“ тој не запиша ниту еден настап во првиот тим иако беше стандарден во младинскиот. Фаик е принц на Брунеи и внук на султанот Хасан Болкиа, а неговото богатство се проценува на повеќе од 20 милијарди долари. Колку за споредба втор на листата најбогати фудбалери во светот е Кристијано Роналдо чие богатство во споредба со тоа на Болкиа изнесува скромни 470 милиони долари.

Се вчитува...