Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс го приреди забивањето на сезоната во НБА лигата откако на средбата против Јута го „постерираше“ противничкиот центар Џон Колинс. Но, атракцијата која долго ќе се врати по најавните шпици не помина без последици и тоа за двата кошаркари.
Колинс заработи контузија на главата и засега останува непознато за степенот на повредата и дали истата ќе го оддалечи од теренот, додека Едврдс го измести прстот.
„Не можев ниту да реагирам на забивањето. Го изместив прстот на левата рака“, откри и Едвардс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

