НАЈЧИТАНО ВО 2018… Поп Ацев разочаран: Цел труд за ништо, вакво нешто ни на душман не посакувам!

НАЈЧИТАНО ВО 2018…

Издвојувајќи ги најчитаните текстови на ЕКИПА за изминатава 2018 година уште едно потсетување за најзначајните настани, моменти, информации кои ја одбележаа годината која заминува…

======================================================================================

Звучи шокантно, но единствениот пливач што требаше да ја претставува Македонија на ЕП во Глазгов, Евгениј Поп Ацев, воопшто не се најде на листата на учесници на овој континентален собир. Тој не го крие разочарувањето од ваквиот исход, со оглед на фактот дека учеството на ЕП требаше да биде круна на неговите настапи за оваа година.

„Не ме пријавиле на Европското првенство или како што велат не ме примиле. Квалификуван сум од февруари и ми беше кажано дека учествувам, имав посебни подготовки токму за настапот на овој шампионат. Тоа требаше да биде врв на оваа сезона и еве тука два дена пред трка дознавам дека ме нема на стартна листа. Прашајте ги Маленко и Стефановски за објаснување зашто јас и никој нормален не знам што точно се случи. Разочаран сум, не знам што да кажам, ова на најголемиот конкурент не му го посакувам. До последен ден да ти кажуваат дека се е во ред и од интернет да дознаеш дека не си пријавен… Цел труд оваа година за ништо“ – разочарано изјави Поп Ацев за ЕКИПА.

Тој веќе се наоѓа во Велика Британија, до последно чекал повик за да замине за Шкотска, за на крајот да дознае дека воопшто нема да учествува.

„Неколку дена порано дојдов во Велс и оттука требаше да одам во Глазгов. Таков беше планот, но на крај се случи нешто сосема неочекувано за мене“ – истакна Поп Ацев.

Македонскиот пливач откри и како течел неговиот последен разговор со претседателот на Пливачката Федерација на Македонија, Александар Маленко.

„Кога го прашав дали ме пријавил, ми рече да не го прашувам на приватен број такви прашања“ – открива Евгениј Поп Ацев.

Се вчитува...