НАЈЧИТАНО ВО 2018…. СКАНДАЛ: Репрезентативецот Кузмановски нападнат по мечот Металург – Работник!

НАЈЧИТАНО ВО 2018…

Издвојувајќи ги најчитаните текстови на ЕКИПА за изминатава 2018 година уште едно потсетување за најзначајните настани, моменти, информации кои ја одбележаа годината која заминува…

======================================================================================

Шокантен инцидент се случи по завршувањето на синоќешниот натпревар меѓу Металург и Работник, откако бил нападнат капитенот на домашната екипа, Филип Кузмановски. Македонскиот репрезентативец имаше значаен придонес во победата на својот тим, за потоа при излегувањето од соблекувалните да биде нападнат од страна на лице што го познавал.

Овој инцидент е пријавен во полиција, каде се презмаат мерки за целосно расчистување на случајот. Кузмановски при дадената изјава посочил дека го познавал напаѓачот, 23-годишниот А.Б. од Скопје. Неофицијално, во салата се уште биле присутни лица од обезбедувањето кои спречиле да дојде до посериозен инцидент.

Кузмановски има уште една година од договорот со Металург, за него постои сериозен интерес од Магдебург. Репрезентативецот досега изразуваше подготвеност да остане во „Автокоманда“ до крајот на договорот, па останува да се види дали овој инцидент ќе го смени неговиот став.

Се вчитува...