Игор Ангеловски е креаторот на историскиoт успех на македонската сениорска репрезентација, човекот кој успеа да го врати Пандев во националниот тим, а потоа и да го вклопи неговото исксутво со младоста и потенцијалот на У21 селекцијата која обезбеди пласман на ЕП во Полска.
Денешниот успех дефинитивно е склоп и на водството од клупата на Ангеловски, стратегот чие име засекогаш ќе остане запишано во историјата на мак-фудбалот.
„Командантот“ маестрално го водеше и овој натпревар, знаеше дека ќе се создаде шанса за да се матира грузискиот голман, а потоа кога сите еуфорично славеа се пролеаја и солзите на Мрме на „Динамо арена“ во Тбилиси…, сето тоа испратено со финалниот говор на коментаторот на МТВ, Тони Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

