Последните денови од годината се време резервирано за најпознатата светска спортска турнеја „Четири скокалници“. Со квалификациите во германски Оберздорф денеска стартува 69-издание на најпознатото натпреварување во зимските спортови.
Годинашното издание ќе биде различно од секое претходно поради пандемијата од коронавирусот. Четири станици од турнејата, по две во Германија и Австрија. Првата е Оберздорф, на првиот ден од новата година одиме во Гармши Партен Кирхен, а потоа најдобрите ски-скокачи се селат во австриските Инсбрук и Бишесхофен.
Како најпосебни изданија се издвојуваат тие во кои еден ски-скокач успеа да триумфира на сите четири скокалници. Долго време легендарниот Свен Ханевалд беше единствен, а потоа му се придружија и Камил Штох од Полска и Јапонецот Ријо Кобајаши. Интересно е тоа што само еднаш се случило натпреварувач кој немал ниту една победа на крајот да стигне до триумф, а тоа е „летечкиот Финец“, Јане Ахонен. Легендарниот Финец е рекорд и по бројот на победи на турнејата, вкупно пет, а една од нив ја подели со Чехот, Јаку Јанда во 2006 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА