Најчудниот хет-трик во кариерата на Џејми Варди

Лестер ремизираше 2-2 против Барнли во меч што Џејми Варди ќе го памети цел живот бидејќи одличниот голгетер го постигна најчудниот хет-трик во својата кариера. Имено, Варди очајно го почна дуелот постигнувајќи си автогол по корнерот на гостинскиот тим, за потоа да се извади за големиот „кикс“ со два изрмнувачки гола, најпрвин за 1-1, а потоа пред самиот крај и за конечни 2-2 на овој натпревар.

Евертон и без повредениот Ричарлисон и Калверт Луин успеа да слави над Норвич со 2-0. Таунсенд гог постигна првиот гол на мечот од пенал,  конечните 2-0 ги постави Дукуре на асистенција на Греј.

Вест Хем на гостински терен го совлада Лидс со 1-2, со пресврт во второто полувреме со головите на Фирпо (автогол) и на Антонио. Ватфорд и Њукасл ремизираа 1-1, први поведоа гостите преку Лонгстаф, а Ватфорд спаси бод благодарение на голот што во второто полувреме го постигна Сар.

Се вчитува...