Новак Ѓоковиќ дефинитивно не е во посакуваниот ритам, откако фрустрациите од мечот и поразот од Лоренцо Мусети на турнирот во Монте Карло ги пренесе и на прес-конференцијата.
„Да бидам искрен, чувството по еден ваков меч е ужасно. Сепак, честитки за Мусети, нека му е со среќа, остана цврст во клучните моменти и тоа е тоа. Јас можам само да му посакам среќа, не ми се зборува многу“, изјави Ѓоковиќ.
Еден од новинарите се обиде да извлече нешто повеќе: Новак, дали може да кажеш нешто повеќе за… и тогаш неочекувано беше прекинат од Србинот.
„Не, не можам да кажам ништо. ОК сум, му честитам и не ми се зборува. Одиме понатаму“, дрзок беше во одговорот најдобриот светски тенисер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

