Најден проблемот: Турам е виновникот за елиминацијата на Интер

Огромен е шокот во италијанската јавност откако Интер претрпе уште еден пораз во двомечот со Бодо Глимт, па актуелниот лидер во Серија А заслужено беше елиминиран во 1/16 финалето од Лигата на Шампионите.

Ова е првпат по повеќе од една деценија за Интер да нема место во осминафиналето од елитното европско натпреварување, а италијанските медиуми веднаш почнаа со детални анализи околу проблемите во тимот на Кристијан Киву и причините за ова резултатско фијаско.

Според голем дел од медиумите, еден од главните виновници е Маркус Турам, Французинот кој до лани беше кошмар за противничките дефанзивци, но сезонава е предалеку од посакуваната форма. Од него се очекуваше да го предводи нападот во ситуација кога Лаутаро Мартинез е повреден, но искусниот напаѓач повторно беше далеку под нивото што с еочекува него.

Бројките се поразителни, Турам има 12 гола на 35 средби во сите натпреварувања. Уште поголемо е неговото фијаско во последните месец и половина, ако се знае дека Французинот постигна четири гола на првите две средби во 2026 година, но оттогаш тој има постигнато само еден единствен погодок (против Сасуоло), поразително ако се знае начинот на кој Интер доминира и игра офанзивно во овој период.

Со ваквата форма тој сериозно си ги загрозува и шансите за посериозна улога во француската репрезентација за СП 2026, а лесно може да се случи и да биде продаден од Интер по завршувањето на сезонава, додека се уште има висока цена на пазарот (се шпекулира со сума од над 50 милиони евра).

Се вчитува...