Најдена замената за Але, Дортмунд трга по Суарез

Бундес лигата оваа сезона приреди неколку трансфер вобудувања, па по неколкуте зделки на Баерн Минхен, сега и Борусија Дортмунд сериозно размислува за новите предизвици.  Тимот од Дортмунд е заинтересиран за ангажман на Луис Суарез, кој во моментов е слободен и бара нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.

Откако му заврши договорот со Атлетико, се шпекулираше дека ќе се пресели во САД, сепак, сега може да остане во Европа. Германските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд е сериозно размислува да го донесе Суарез во своите редови и веќе стапила во контакт со неговиот агент.

„Милионерите“ се најдоа во големи проблеми откако на Себастијан Алер му беше дијагностициран рак на тестисите, па ќе биде надвор од терените на неодредено време.

Але требаше да биде замена за Халанд, па сега Дортмунд е во потрага по нов напаѓач и верува дека Суарез би бил идеално решени. Суарез така ќе има можност да игра во уште еден европски гигант и да настапува во Лигата на шампиони.

 

 

Се вчитува...