Најдена замената за Левандовски, Баерн подготви 80 милиони за Лаутаро од Интер

По официјализираниот трансфер на Роберт Левандовски во Барселона, Баерн Минхен трга во потрага на нов напаѓач. Како прво сериозно име се споменува ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез.

Според германските медиуми, Интер има финансиски проблеми, па за примамлива сума би ја разгледале понудата од Баерн.

Аргентинецот има откупна клаузула од 110 милиони евра, а Баерн сериозно размислува да ја плати. Баерн најпрво ќе испрати понуда од 80 милиони плус бонуси, а на Лаутаро му нуди скоро двојно повисока плата од актуелната.

 

Се вчитува...