Најдобар голман на годината е Џиџи Донарума – Буфон го почести со „заушка“ (ВИДЕО)

Доскорешниот голман на ПСЖ кој на крајот на преодниот рок реализираше трансфер во Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума е избран за најдобар голман на 69. издание на престижната „Златна топка“.

Италијанскиот репрезентативец имаше извонреден крај на сезоната освојувајќи ги трофеите во француското првенство, тамошниот Куп, а и најпрестижното натпреварување во клупскиот фудбал – Лигата на Шампионите.

Наградата му ја додели великанот и неговиот именик Буфон кој го искористи моментот и да се пошегува со сонародник „честејќи“ го со „заушка“.

Се вчитува...