Една од најдобрите светски фудбалерки, добитничка на Златната топка, наградата на УЕФА за најдобар играч и наградата Лауреус за најдобра спортистка, Ајтана Бонмати го продолжи договорот со Барселона до 30. јуни 2028 година.
Бонмати имаше договор со Барселона уште една сезона, но не се сомневаше дали сака да остане во клубот во кој пристигна како 13-годишно девојче.
Досега за Барселона одигра 275 натпревари и постигна 96 голови. Освои 23 трофеи со сениорскиот тим, а таа е осмиот играч со најмногу награди во историјата на Барселона.
Un dia únic. ✨ pic.twitter.com/tOnehifaFh
— FC Barcelona Femení (@FCBfemeni) September 16, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА