Јапонската гимнастичарка Шоко Мијата, капитен на женската гимнастичка репрезентација, нема да оди на ЛОИ 2024.
19-годишната Мијата, иако капитен на тимот, е исфрлена од патниците за Париз затоа што го прекршила протоколот за конзумирање алкохол и цигари. Мијата вчера веќе го напуштила кампот на репрезентацијата во Монако и се вратила во Токио поради истрага која ги потврди нејзините прекршоци. Таа признала дека летово конзумирала алкохол и цигари што е спротивно на правилата на националните селекции, а е забрането и за помлади од 20 години.
Тренерот Харада изјави дека нејзиното однесување било непромислено, но дека ја разбира затоа што била под голем притисок пред Олимписките игри.
Мијата е актуелна јапонска шампионка која на Светското првенство 2022 во Ливерпул освои бронзен медал на греда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА