Најдобрата српска одбојкарка Јована Бракочевиќ која ги брани боите на АГИЛ волеј вели дека ситуацијата во Бергамо е катастрофална и дека семејствата на луѓето кои умираат од Ковид-19 поради ситуацијата не можат да се простат од нив.
„Не пишувам често, скоро никогаш, но еве сега имам потреба. КОВИД – 19 е вирус кој не затвори дома. Но, дали само тоа? Од коронавирусот се умира. Тоа е факт. И не само што се умира, туку умирате сами. Никој освен докторите на кои едвај им се гледаат очите нема околу вас. Нема кого да фатите за рака. Денес во Бергамо се случи нешто најлошо. Војската дојде по лешовите на починатите и директно ги пренесе во крематориумот. Тоа е тоа. Никој не можеше да ги види. Никој не можеше да се прости од нив. Влегоа во болницата заразена, се бореа сами, без своите блиски. И изгубија…сами…Нема да има погреб. Кремирани и тоа е тоа.“, стои во статусот на Бракочевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА