Американската скијачка Микаела Шифрин ќе мора да отсуствува еден месец од патеките по повредата на амбдоменот заработена при падот на велеслаломската тргка во Килингтон.
Шифрин во саботата атакуваше на јубилејната 100. победа во Светскиот куп, кога ја загуби рамнотежата и со полна брзина налета на заштитната ограда. За среќа беше избегната посериозна повреда, но силниот удар остави трага, па Шифрин ќе мора да паузира околу еден месец, за целосна рехабилитација од повредата.
„Буквално имам рана во пределот на стомакот и прилично голема мускулна трума низ целиот стомачен мускул. Почнуваме процес на опоравување и се надевам дека наскоро повторно ќе можам да скијам“, објави Шифрин.
Американката опавдано се смета за најуспешна скијачка во историјата на Светскиот куп откако годинава го урна рекордот на Ингемар Стенмарк од 86 победи во ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА