Најдобрата тенисерка во светот пропушта уште еден турнир

Најдобрата тенисерка во светот Ига Швјонтек откажа уште едно учество, четврто по ред откако објави дека нема да настапи на ВТА турнирот од серијата 1000 во Вухан.

Од дебаклот на УС Опен, Швјонтек ги пропушти турнирите во Сеул, Пекинг, Токио и сега Вухан. Причината за ова е прекинот на соработката со нејзиниот тренер Томаш Викторовски, со кој ги постигна речиси сите најголеми успеси. Точната причина за раскинувањето не е позната, но Ига веќе истакна дека е во преговори околу ангажман на нов тренер.

Останува нејасно зошто практично ја прескокнала целата азиска турнеја поради разделбата со својот тренер.

Се вчитува...