Во неверојатна борба во УФЦ 256 Тони Фергусон загуби од Чарлс Оливеира. Фергусон доживеа тежок пораз и не ги оправда очекувањата дека ќе го замени Хабиб Нурмагомедов по неговото пензионирање.
Пред самиот крај на првата рунда Оливеира го фати Фергусон во полуга во која веројатно и му ја скрши раката. Фергусон се врати во октагонот и успеа херојски да издржи уште две рунди во кои Оливеира потполно издоминира.
Оливеира со оваа победа дојде во можност да се бори за титулата УФЦ шампион откако по пензионирањето на Хабиб тоа место остана празно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА